Се реконструира градинката во Бутел 2
Општина Бутел ја привршува реконструкцијата на градинката во Бутел 2, која ќе биде со капацитет за 150 деца.
Како што информира општина Бутел, комплетно се менува стариот покрив со нов, од пластифициран лим. Ќе се стават нови олуци и нова громобранска лента. Ќе биде поставена целосно нова изолација, а градинката ќе добие и нова фасада. Ќе бидат заменети сите врати и прозорци. Градинката ќе биде ентериерно уредена и опремена.
За реконструкција на градинката ќе бидат потрошени над 3,5 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Бутел.
- Во моментов забрзано се интервенира на забавишниот простор, кој итно треба да се адаптира и пренамени за да може во него да се прифатат околу 80 деца од матичниот објект во Скопје Север, кој претрпе поголеми оштетувања од земјотресот, соопшти општина Бутел.
Оттаму најавија дека откако ќе ги добијат конечните инструкции од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС) веднаш ќе почнат со санација на оштетениот објект.
Пред еден месец беше пуштена во употреба новата градинка во Радишани, со капацитет за 150 деца. Во тек е изработка на документацијата за изградба на трет нов објект, градинка во населбата Живко Брајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа