Chicco најде безбедносен проблем во сопствените седишта за бебиња - јавете се во најблиската продавница

Неколку модели на бебешките седишта за во автомобил имаат безбедносен проблем со појасите, објавено е на сајтот quality control. Доколку имате седиште одмарката Chicco и тоа моделите Synthesis и Аuto-Fix или Huggy на Inglesina или пак моделите Tri Fx K, Kit Auto И Травел Цот na Peg Perego веднаш обратете се кај овластениот застапник за да добиете дополнителни информации и да се направи проверка, дали е безбедно седиштето за вашето дете.
Три компании веќе ги известиле своите застапници во сите земји низ светот дека има проблем со три системи за обезбедување на појасите. До сега, не се регистрирани несреќи, но поради мерки на претпазливост, компаниите апелираат до сите корисници на нивните производи, да се обратат кај застапниците.

 

01.08.2013 - 00:40

најчитано сега