Уште 20 лица побарале лекарска помош по земјотресот
Серија земјотреси го тресат скопското тло. По релативно мирниот ден вчера стресе уште еден земјотрес во 1 часот и 32 минути по полноќ. Земјотресот беше со интензитет од 3 степени.
И завчера земјотрес околу 20 часот ја стресе Македонија, а по потресот 20 лица побарале медицинска помош. Еден од нив имал повреда на лицето, пренесе Нова Македонија.
Во скопската градска болница меѓу пациентите, како што вели проф. д-р Сашо Стојчев, директор на установата, никој не побарал побргу да си замине дома, пишува порталот.
14.09.2016 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа