Не издржа до болница - 20 годишно момче загина во сообраќајка во Тетовско
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 16 часот се случила над џамијата во тетовското село Бањице, дознава Press24. Според нашите извори, 20 годишно момче од Тетово, со автомобил Опел Калибра излетал од патото и се здобил со тешки телесни повреди. НА лице место пристигнала Брза помош но момчето им подлегнало на повредите. Од МВР ја потврдуваат оваа информација и додаваат дека станува збор за 20 годишниот Б.И.
31.07.2013 - 22:34