Кој ги измислил црвениот и жолтиот картон во фудбалот?

 

Денес, фудбалот не може да се замисли без жолти и црвени картони, термини кои својата употреба ја имаат и надвор од фудбалскиот свет. Нивен творец е Aнгличанецот Кенет Џорџ Астон кој ги измислил пред повеќе од 40 години.

Во почетокот на 60-тите години на минатиот век, Астон бил еден од најпризнатите англиски судии и него му припаднала честа да го суди мечот помеѓу репрезентациите на Чиле и Швајцарија, меч со кој било отворено светското првенство во Чиле во 1962 година.

Импресионирана од неговото судење, ФИФА одлучила Астон да биде судија на ризичниот меч на тоа првенство помеѓу Чиле и Италија.

Четири години подоцна на светското првенство во Англија, во меѓусебен дуел се сретнале домаќинот и Аргентина. Помеѓу овие две земји владеела голема нетрпеливост поради Фолкландските острови кои се во сопственост на Велика Британија, но право на нив има и Аргентина во чија близина се наоѓаат. Врвот на нетрпеливоста се случил во 33-та минута кога после еден слободен удар  Англичаните победиле со 1-0.

Протестирајќи поради наводен нерегуларен гол, гостинскиот капитен Антонио Ратин започнал да го навредува и да го влечи германскиот судија Рудолф Криетлина. Поради ова, германскиот судија сакал да го исклучи капитенот на Аргентинците, но набрзо настанала голема мешаница на теренот во која учествувале голем број на играчи, тренери, фанови… Прекинот траел десетина минути, а мечот едвај се довршил и бил исполнет со голем број на немили сцени. Астон кој во тој момент присуствувал на мечот и бил блиску до теренот, на лош шпански се потрудил да му објасни  на Ратин нешто што тој можеби и не го сфатил – дека е исклучен и дека треба да го напушти теренот.

По завршувањето на мечот, возејќи се во неговиот автомобил, Астон размислувал што би помогнало во меѓународниот фудбал за да одлуките на судијата кои не го говорат јазикот на одредени натпреварувачи да бидат лесно сфатени. Тогаш застанал на семафор и му текнало: “ Жолто = полека малку; Црвено = Стоп, одиш надвор”. Тоа е приказната за настанувањето на жолтите и црвените картони.

Жолтите и црвените картони за првпат се воведени на светското првенство во фудбал во Мексико во 1970 година и оттогаш се неизоставен дел од фудбалската игра.

 
 
19.08.2016 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега