Сега сме најпотребни: Да се фатиме за лопата за помош на поплавените!

 

Членовите наФБ-групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, коишто се физички и здравствено подготвени, на ЗАЕДНИЧКА УДАРНА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ на сите критични точки, на 13 август 2016 година (сабота). Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, КООРДИНИРАНОСТ, МАСОВНОСТ и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме ВЕДНАШ. Сега, таму сме НАЈПОТРЕБНИ!

Потребно е сите граѓани да започнат да доаѓаат на збирното место „Веро Центар“ („Веро Џамбо“) од 8 часот наутро, по што ОРГАНИЗИРАНО и КООРДИНИРАНО ќе се упатуваат на критичните места.ните точки, според утврдена листа степенот на алармантност на ситуацијата на теренот. Превозот ќе поаѓа по исполнувањето на капацитет на секое возило (автобус, минибус или комбе). Расчистувањето ќе трае најдоцна до 19 часот, поради потребната видливост на теренот.

Увидот на теренот покажува дека ПОТРЕБНИОТ број луѓе за расчистување на сите критични точки е МНОГУ ПОГОЛЕМ од оној којшто до местата може да се упати со јавниот превоз или индивидуалните возила.

 
 
12.08.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега