Монаси од Грција нападнаа извршители со молотови коктели

 

Монаси од манастирот Еспигмену на Света Гора фрлале со камења и молотови коктели кон извршители  кои дошле да ги иселат од комплексот, соопштија цивилните власти на грчкиот монашки полуостров Атос. 

Извршителите се повлекле во манастирот, а за среќа во инцидентот нема повредени.

Инаку, монасите се во повеќегодишен спор со духовниот лидер на православните христијани Вартоломеј Први, поради неговите напори да ги подобри односите со Ватикан. 

ФОТО: Канал 5

најчитано сега