Живата на термометарот достигнува и 42 степени - тропски горештини го зафатија Балканот

 

Тропски жештини и денеска го зафатија регионот на Западен Балкан, а температурите во повеќето градови ќе надминат 40 степени Целзиусови. 

Во Црна Гора метеоролозите најавуваат дека живата во термометарот ќе достигне до 42 степени. 

На територијата на Хрватска се очекуваат дневни температури до 40 степени. Во седум часот изутринава температурата на морето во Сплит достигна 27 степени. 

Во Босна и Херцеговина исто така се очекуваат тропски температури од над 40 степени. Во БиХ вчера најтопол град беше Мостар со 39 степени. 

ФОТО: Сител

 

најчитано сега