Денеска ќе се отвори Паркот на бранителите во Драчево
Денеска во Драчево свечено ќе биде отворен Паркот на бранителите со меморијална фонтана изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година.
Паркот се простира на површина од 1.225 квадратни метри, а во централниот дел е сместена шестоаголна армирано-бетонска фонтана, а поставени се и плочи со имињата на загинатите бранители.
Со меморијалната фонтана ќе им се оддаде почти на шесте бранители од Кисела Вода кои загинаа во конфликтот од 2001 година.
ФОТО: Сител