За љубителите на спортот: Отворен ден во Куќата на фудбалот

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска организира отворен ден во Куќата на фудбалот за посетители кои сакаат да се запознаат со активностите на Федерацијата.

- Тие ќе имаат можност да се запознаат со инфраструктурата во комплексот, да ги видат терените, да се запознаат со луѓето од администрацијата, селекторите, да разговараат со претставници од ФФМ и да добијат комплетна слика за работењето на Федерацијата и активностите кои ги презема. Фудбалската федерација на Македонија со оваа активност покажува отвореност, транспарентност и проактивност, покажува дека и значи мислењето на јавноста и дека е отворена за промени кои се во интерес на развојот на фудбалот, информира ФФМ. 

Федерацијата во соопштението нагласува дека инвестирањето во развојот на младите фудбалери, во стручните кадри и во подобрување на фудбалската инфраструктура и понатаму ќе биде приоритет на нејзиното работење.

 
 
14.07.2016 - 08:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега