Уапсен претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир
Денеска по налог на Јавното обвинителство на БиХ, беше уапсен претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Живко Будимир. Тој бил уапсен во неговиот кабинет од страна на припадниците на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА).
Во тек е претрес на канцеларијата на Будмит, која се наоѓа во зградата на Претседателстовто на Федерацијата БиХ.
Полицијата спроведува акција и во реонот на Широки Бријег, каде „предмет на обработка“ се компании во сопственост на семејството на замник-премиерот на Федерацијата БиХ, Јерко Иванковиќ-Лијановиќ.
Истите извори тврдат дека акцијата е споревдува поради сомнителни исплати на субвенции од страна на Развојната банка на Федерацијата БиХ.