Хаос во Будва - летаат камења и шишиња кон учесниците на Парадата на гордоста

 

Денеска во Црна Гора се одржува Парада на гордоста која предизвика вистински хаос по црногорските улици.

Неколку учесници во Парадата на гордоста во Будва се повредени денеска, откако настана вистински хаос пред нејзиниот почеток, за време на нејзиното одржување и по завршувањето на првиот ваков настан во Црна Гора, откако противниците на Парадата фрлаа со камења, чаши и шишиња кон учесниците во поворката, а полицијата употреби димна бомба за да ги растерта напаѓачите.

Поради судирите полицијата одлучи поворката да се одржи по скратена маршрута, а во нејзиното обезбедување учествуваа повеќе од 400 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици.

Повеќе од стотина противници на геј парадата, претежно млади лица, се собраа во близина на Стариот град и фрлаа со камења, шишиња и други предмети кон приврзаниците на ЛГБТ заедницата пред почетокот на Парадата. Насобраните противници на Парадата на гордоста скандираат навредливи пораки на сметка на ЛГБТ популацијата.

Инаку, организатор на настанот е ЛГБТ Форумот прогрес, а претседателот на таа организција Здравко Цимбаљевиќ изјави претходно дека Парадата на гордоста во Будва ќе биде показател дали црногорското општество е во состојба да ги прифати и негува различностите.

ФОТО: Он.нет

најчитано сега