Сивата економија цвета во Грција

 

Властите во Грција за време на финансиските проверки во туристичките реони во периодот од 16 до 22 јули регистрираа неверојатно огромен број на затајувања на данок што во некои случаи достигнала и до 100%. Скандалозните случаи на затајување на данок се забележани при проверка на 838 објекти меѓу кои спаѓале хотели, барови, ресторани, кафулиња и други угостителски објекти. Казнети се 409 сопственици, на угостителски објекти со 2020 прекршоци. 

Најголемиот број на прекршувања на законот биле утврдени на островоите Родос, Евбеја, Парос, Миконос и Крит, како и во летувалиштата во континенталниот дел - во областа Атика, на Халкидики, Порто Хели и Лаконија.

Борбата против даночните измами е централен елемент во планот за спас на Грција со надворешните кредитори од ЕУ и ММФ. Грчкиот Парламент во моментот разгледува предлог-закон за нов даночен кодекс, што предвидува заплена на имоти на „нелојални“ даночни обврзници

најчитано сега