Британски турист убиен со нож во Грција
Еден 20-годишен Британец, кој бил на летување во Грција, е убиен со нож на островот Крит.
Полицијата не го соопшти идентитетот на убиениот, освен што откри дека убиството се случило во туристичкиот центар Малија, на крајниот исток од островот, пред еден локален бар.
Последниве години, Малија стана популарна дестинација, посебно за младите британски туристи, кои во голем број ги посетуваат и одморалиштата во Аја Напа и Закинтос.
Британскиот амбасадор во Атина пролетва го посети Крит, каде со локалните власти разговараше за тоа како да се спречат инцидентите меѓу локалните млади луѓе и нивните врсници од Велика Британија, кои на островот доаѓаат сами на летување.
Половината од инцидентите во Грција, во кои се вмешани британските гости, во каков било облик на судир со домаќините се случуваат во само пет „опасни“ локации - Малија, Лаганас, Кавос, Кардамена и Фалираки на островот Родос.
ФОТО: Денешен