Албанец загина во страотна сообраќајка во Кавадарци

Вчера се случила страотна сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Дреново, кај месноста Кавадаречки уши.

Несреќата се случила во 17 часот и 20 минути кога автомобил марка „форд“ управуван од 37-годишниот В.М. од Возарци се судрил со автомобил марка „сеат“ управуван од страна на 52-годишниот  Ј.Д. од Кавадарци.

Во незгодата на самото место починал сопатникот од возилото марка „форд“, Азгај Г., државјанин на Албанија, додека тешко телесно била повредена и неговата сопатничка, 30-годишната О.М. од Возарци.

најчитано сега