Пејкоф: Спомениците се нашата гордост - засрамувачки и немакедонски е нивното уништување
Уништувањето на спомениците е засрамувачки и не е македонски. Македонците не уништуваат, ние Македонците градиме. Работиме на прогрес, не работиме на уништување, вели во интервју за СИТЕЛ Ендру Пејкоф, познатиот американски бизнисмен од македонско потекло кој е основач и претседавач на Нијагара Ботлинг, ДОО – најголемата приватна компанија за флаширана вода во западната хемисфера.
-Кога дојдовме во Скопје и по минавме покрај убавата Триумфална капија, а сега ја има сета онаа боја врз неа, не ми се веруваше што гледам. Зошто некој сака да ги уништува сите овие убави споменици? Зошто? Тоа е нашата култура и наша гордост, а сега со сите тие графити и боја врз нив. Срамота е. Засрамувачки е. Не е македонски. Македонците не уништуваат, ние Македонците градиме. Работиме на прогрес, не работиме на уништување, вели Пејкоф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа