Момчиња за пример: Вратиле изгубен паричник во кој имало 600 евра

 

Еден маж од Загреб ја раскажа својата приказна за тоа како го загубил паричникот во кој имало 600 евра, но му го вратиле.

Се работи за Жељко Крајновиќ од Загреб кој го дал својот автомобил на сервис, но потоа не можел да си го најде паричникот во кој имало пет илјади куни или 600 евра, како и документи.

- Вечерта пред тоа седев со пријател во едно кафуле и најверојатно паричникот ми испаднал од џебот. Штом прашав дали пронашле некој паричник, момчињата се насмејаа и ми го вратија. Се беше внатре и парите, и документите и кредитните картички. Тоа беше прекрасен гест и морам да ги пофалам, вели Кранјовиќ.

За тоа што му го вратиле паричникот ги почастил пијалок, а друго не му побарале.

ФОТО: Бриф

најчитано сега