Лустриран академик на МАНУ, Владика на МПЦ, писатели - кои се жртвите на кодошењето на Божин Павловски
Лустриран академик на МАНУ, актуелен Владика на МПЦ, и познат македонски писател се дел од жртвите на кодошењето на академик Божин Павловски, неофицијално дознава Press24. Според нашите информации, Павловски обезбедувал информации за еден академик на МАНУ кој исто така заглави на лустрацискиот филтер, како и за еден актуелен и влијателен владика на Македонската православна црква.
На списокот жртви на Павловски, според се уште неофицијални информации се наоѓа и еден звучно име во македонската листература, автор на еден од најквалитетните македонски романи.
Комисијата за лустрација се очекува попладнево да го објави досието на Павловски.