ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одреди време и место за средба на Комисијата за настаните во Собранието

 

Илија Димовски, пратеник од  ВМРО-ДПМНЕ и член на Комисијата за настаните пред и околу Собранието што се случија на 24 декември минатата година денеска јавно ги повика на средба членовите на Комисијата предложени од СДСМ, Љубомир Фрчковски и  Рената Треневска Десковска.

Од нив Димовски побара во наредните пет дена да одредат термин и место за средба каде што би ги продолжиле дијалогот и дискусиите поврзани со процесот на работа на Комисијата, но и со конкретнo продолжение на седниците.

- Јас и колешката Дулиќ цениме дека конструктивниот пристап е единствен начин како можеме да дојдеме до финално решение од работата на Комисијата. Не би сакале со неконструктивен и некоректен однос да им даваме аргументи на оние страни кои не и посакуваат добар развој на Република Македонија, изјави Димовски.

Неформална комуникација има меѓу членовите на Комисијата, но вели Димовски во СДСМ често ги менуваат ставовите. Уште еднаш повтори дека членовите на Комисијата не можеле да се усогласат по четири точки од извештајот и оти дотогаш работата била конструктивна. Повика да не се бараат изговори за да не работи Комисијата и изрази надеж дека ќе преовладува разумниот пристап и ќе биде направен добар прогрес.

најчитано сега