Домашен пинџур
Почнува сезоната на пиперки, домати и друг свеж пролетен зеленчук. Подгответе го овој неодолив пинџур:
Потребни состојки:
7 зелени крупни пиперки
3-4 чешниња лук
2 домати средна големина
масло
сол
Начин на подготовка:
Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина.
Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот.Сето тоа заедно се толчи со лукот.
На крај се додава црвен домат кој е веќе потпечен и излупен.По вкус може да употребите и свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот.
На крај, подгревате малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.
Прочитај како да подготвиш брза даска кога ќе ви се најават гости тука: http://gotvi.mk/2016/02/17/brza-daska-koga-ke-vi-se-najavat-gosti/
Повеќе вкусни рецепти на:www.gotvi.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа