Сеуште шок во Волково: Денеска ќе бидат погребани убиецот и двете жени
Во Волково се уште владее шок и тага по двојното убиство и самоубиство кое се случи завчера поради невозвратена љубов. Денеска на гробиштата ќе бидат испратени во вечниот дом и мајката и бабата и убиецот.
44-годишниот Дончо Ѓ. со огнено оружје ги уби неговите сосетки, 47-годишната Снежана и 76-годишната Елена, мајка и баба на неговата 26-годишна љубовница, кои не дозволувале тој да биде во врска со неа бидејќи имал семејство. Девојката во моментот на трагедијата не била во куќата, бидејќи заминала да аботи на брод во странство.
44-годишниот Дончо бил вработен како магационер во МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа