Полицијата во Грција уби избеган албански затвореник
Затвореник Албанец, кој наводно во март избегал од затвор во централна Грција со група други затвореници, утринава е убиен во престрелка со полицијата, изјави неименуван извор од грчката полиција.
Во престрелката до која дошло рано утрово во ридестиот регион на северна Грција, Епир, долж границата со Албанија, е ранет и еден полицаец, пренесуваат француските медиуми.
Според полициски извори, убиениот Албанец бил вооружен со „Калашњиков“, рачни гранати и патрони муниција. Со себе носел и храна.
Полицијата му е зад пети на вториот Албанец, кој бил со него, а двајцата се обиделе да се префрли во Албанија.
Изворот од полицијата навел дека убиениот затвореник бил еден од 11-те затвореници, главно од албанска националност, кои на 23 март избегаа од затворот во градот Трикала, ранувајќи двајца затворски чувари.
Чуварите од овој затвор во 2008 година успеаја да го спречат бегството со хеликоптер на затвореникот Панајотис Властос, едед од организаторите на киднапирањето на еден грчки бродосопственик