Од денеска разладување во скопскиот Аква Парк
Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во првиот aква парк во главниот град. Официјалното отворање на водениот парк, кој е во состав на СЦ „Борис Трајковски“, е во 13:30 часот.
Во изминативе денови се вршеше тестирање на опремата со која располага Аква паркот, лоциран на северната страна на спортскиот центар, веднаш зад хотелот „Александар Палас“.
Камен-темелникот на Градскиот аква парк го поставија премиерот Никола Груевски и директорот на СЦ „Борис Трајковски“ на 6 јануари годинава. Станува збор за прект вреден 4,2 милиони евра, дел од Програмата на Владата на Република Македонија.
На површина од 12.000 метри квадратни се изградени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.
Изведувачи на градежните работи се Полин од Турција, компанија која има реализирано преку 2.000 аква паркови ширум светот, како и Жикол од Струмица и Електроунион од Скопје.
Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Покрај 34 лиценцирани спасувачи кои завршија обука, еден ќе биде преземен од Матка. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангаќирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош