Вработената во ОУ “Петар Здравковски-Пенко“ доживеала хорор
Вчера околу 09,30 часот, Ф.С. (вработена како домаќин) пријавила дека на ул.„2-ра Македонска Бригада“, поточно во ОУ “Петар Здравковски-Пенко“, од страна на неколку засега непознати ученици било запалено шише со непозната течност, кое го фрлиле во касата во која биле сместени компјутери, при што се запалиле неколку компјутери. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
26.03.2016 - 12:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа