Тринаесет судски полицајци работат во судовите во Македонија
Тринаесет лица минатиот месец се вработени во судовите во Република Македонија, на работно место припадник на судска полиција по пат на преземање од Министерството за одбрана.
Како што информира денеска Министерството за правда, пет лица се вработени во Основен суд 1 - Скопје, три во Основен суд Скопје 2, а едно лице во Виш Управен суд. По едно лице е вработено во Апелационен суд Битола, во Апелационен суд Гостивар, Основен суд Куманово и во Основен суд Дебар.
- Со преземањето на вработените од Министерството за одбрана и вработување во судската полиција ќе се зголеми безбедноста на судовите и ќе се овозможи континуирано и непречено извршување на правосудните процедури, се вели во соопштението од Министерството за правда.
ФОТО: Кајгана