Струмица: "Малолетната ќерка отиде на забава и веќе не се врати дома"

 

Во полициската станица во Струмица вчера се јавила мајка која пријавила во паника дека нејзината ќерка не се вратила дома од забава. Се работи за 41-годишната Б.А. од Банско која на полицајците им раскажала дека претходната вечер нејзината ќерка околу 21 часот отишла на забава во ресторан во селото Колешино и од тогаш не се вратила дома.

Се работи за 15-годишно девојче на кое му се губи секаква трага.

Полицијата трага по неа.

 
 
24.03.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега