Кичевчанец удрил во билборд и загинал

 

Кичевчанец загина кога автомобилот што го управувал излетал од патот и удрил во рекламно пано, завчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, соопшти МВР.

 

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 22.20 часот во близина на населбата Горица. Тогаш Аднан А.(26) од Кичево управувајќи автомобил „Опел Вектра“ почнал да престигнува автомобил „Фолксваген Пасат“ по што изгубил контрола над возилото. - „Опелот“ преминал на левата страна од патот и излетал надвор од коловозот по што се извртил и со бочниот десен дел удрил во рекламно пано и пак се извртел.

Возачот и сопатникот А.Л.(26) исто така од Кичево, испаднале од автомобилот, кој потоа со задниот лев дел удрил во автомобил „фолксваген поло“ паркиран во кругот на блиската бензиска пумпа-вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според полициските информации, Аднан А. починал на самото место, а А.Л. со тешки повреди итно е префрлен во Општата болница во Кичево.

Поради сериозноста на повредите тој бил транспортиран во Ургентниот центар во Скопје. На местото на сообраќајната несреќа е извршен увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Опел Вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед.

 
 
23.03.2016 - 11:12
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега