Дај ми 800 евра и ќе го положиш возачкиот испит“ - инструктор барал мито

 

Инструктор од Дебар барал мито за возачки испит. Полцициската станица во Дебар  поднесе кривична пријава против А.Р. (36) од Дебар, инструктор во автошкола во Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп“, и против Ш.Л. (20) и Н.А. (26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“. Во организација на првопријавениот била изготвена фалсификувана лична карта, која на 05.02.2016 година, ја употребиле како вистинска при полагање на возачки испит од “Б“ категорија. Од третопријавениот направена е фалсификуваната лична карта на име Н.А., во која вметнале фотографија од второпријавениот Ш.Л., со цел наместо Н.А., кој бил кандидат за полагање на возачки испит, теоретскиот дел да го полага Ш.Л. На овој начин истиот го положил возачкиот испит со што му овозможил на Н.А. да полага практичен дел. Првопријавениот од трето пријавениот  побарал и примил поткуп во износ од 800 евра. 

 
 
22.03.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега