Дошол во Карпош и скокнал од зградата - детали за самоубиството

 

Момчето кое претпладнево се фрли од зграда во скопски Карпош најверојатно живеело во Центар, неофицијално дознава Press24. Се уште не се знае зошто дошол токму од оваа зграда и најверојатно се решил да изврши самоубиство.
Соседите кои живеат во зградата велат дека нејзиниот покрив често го користат млади луѓе бидејќи до него лесно се доаѓа и е прилично изолирано место во овој дел на Скопје.

Соседите велат дека момчето им паднало буквално пред нозете. Веднаш повикале Брза Помош, но кога пристигнале лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Се уште нема официјални информации, но очевидците велат дека најверојатно станува збор за самоубиство. Зошто младото момче се решило на ваков чекор се уште нема информации.

 
 
22.03.2016 - 13:12
Фото: 
Телеграф

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега