МВР влезе во куќа во Куманово - полицијата била во шок

 

 Во напуштена куќа во кумановското село Ваксинце синоќа се откриени 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, соопшти МВР.

Во СВР-Куманово вчера во 17:30 часот се јавил мигрант и на англиски јазик пријавил дека во куќа во Ваксинце бил физички нападнат од непознато лице во пределот на главата кое му барало пари. Мигрантот побегнал, а неговото семејство останало во куќата.

Полициски службеници од СВР-Куманово и РЦ-Север извршиле разговор со пријавителот, но не било констатирано дека е нападнат.

Полициските службеници во напуштената куќа во селото пронашле 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои ноќеска во 00:30 часот се пренесени до Транзитен центар-Гевгелија, соопшти МВР

 
 
18.03.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега