МВР го расчистува хоророт: Еве низ каква голгота поминала жената која ја изедоа кучиња

 

Жената од село Балаци која беше пронајдена на 150 метри од нејзината куќа утрото околу 10:30 часот, искасапена од глутница кучиња скитници на пат накај Болница им подлегна на повредите.

Финет Ф. (58) била пронајдена со тешки повреди на главата, и останатите делови од телото.

Жител на Балаци по телефонска изјава за Телма рече дека глетката била страотна, телото на жената било влечено кое го забележал најпрво возач на камион кој се движел од Дебар кон Центар Жупа. 

Од Секторот за внатрешни работи во медицинскиот центар во Дебар присуствувал Јавен Обвинител, по што била констатирана смтрт.

Облеката на несреќната жена била предадена на вештачење од Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Дебар по увид на местото на настанот во присуство на Јавен Обвинител, претпоставуваат дека жената била влечена од кучињата.

 

 
 
18.03.2016 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега