Сообраќајна несреќа кај тунелот во Битола - едно лице се бори за живот
Вчера во 15.20 часот на патот А3 Ресен-Прилеп кај Тунелот во Битола, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Мондео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Битола, патничко моторно возило „Хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Е.(23) од Битола и ПМВ„Фолксваген Пасат“ исто така со битолски регистарски ознаки управувано од А.Д.(24) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди опасни по живот се здобил А.Д., на кој му е укажана лекарска помош во КБ-Битола и е задржан на интензивна нега. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа