Хаос во Судот во Тетово: Го нападнала и влечела обвинителот
Вчера во 16:15 часот во Полициската станица во Тетово, 65- годишниот З.Р од село Нераште, тетовско.Јавен Обвинител во Тетово, пријавил „загрозување на сигурноста“. Имено, во 15:07 часот во Основниот суд во Тетово, по објавување на пресуда против обвинет од Скопје, една од присутните му пришла и со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајки му се дека ќе има работа со неа. На ова реагирал обвинетиот, кој успеал да ја оттргне од обвинителот. По барање на судијата, интервенирала судската полиција и ја отстраниле од судницата, но не ја обезбедиле за понатамошна постапка, односно истата ја напуштила судската зграда.
Се работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа