Во наредните неколку денови повеќе делови од Скопје без струја

 

Поради технички зафати во електро – системот без електрична енергија во наредните неколку дена ќе бидат повеќе делови од Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Утре без струја во периодот од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата. Теодосиј Синаитски и дел од населбата Горни Жданец во општина Карпош.

Во недела во период од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има за корисниците од дел од улицата Лука Геров, поточно во  околината на фирмата АДИНГ во општина Ѓорче Петров.

Во понеделник, пак, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Востаничка бр. 138, бр. 140, бр. 144, бр. 146, бр. 148, бр. 160, бр. 162 и бр. 164 и улицата Рилски Конгрес бр. 97 и бр. 99 во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од слото Зелениково,  од 9:30 до 10:30 часот корисниците од  улицата Лука Геров, подулици бр. 2, бр. 4 и бр. 6.  во општина Ѓорче Петров, во време од 9:30 до 15:00 часот корисниците од  улиците Нов Живот, Виничка и  Дринска во општина Шуто Оризари, а од 11:30 до 15:00 часот корисниците од улицата Востаничка бр. 80, бр. 82 и бр. 84 и улиците Рилски Конгрес бр. 59 и бр. 61 во општина Кисела Вода.

 
 
26.02.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега