Сообраќајот во Скопје викендов ќе се поремети
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во неделана дел од булеварот Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Пролет до крстосницата со улицата Никола Карев, ќе се изведуваат попречни прекопи.
Поради тоа, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 18 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
26.02.2016 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа