Семејна драма во Куманово: "Ќе ја запалам куќата!"

 

Семејна драма во селото Слупчане. 32-годишниот Н.М. со сериозна закана ги малтретирал останатите членови во семејството, велејќи им дека ако не му дадат пари ќе ја запали куќата. Тој почнал да крши внатре, а откако  му дале  100 евра се заканил на мајка си дека ако татко му не пушти пари преку „Вестерн Унион“ ќе ја запали куќата.

Според податоците од полицијата, настанот го пријавила неговата сестра С.М.

Полициски службеници излегле на местото на настанот по што истиот е приведен во  полициска станица и ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.

 
 
16.02.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега