Груевски: Нов отворен базен ќе се гради во Шуто Оризари
Изградба на отворен пливачки базен во општината Шуто Оризари е четвртиот од седумте проекти кои денеска ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Отворениот пливачки базен во општината Шуто Оризари ќе се гради на површина од 4076 квадратни метри. Агенцијата за млади и спорт која ќе е носител на проектот, веќе изврши избор на идејното решение, по што ќе спроведе постапка за проектирање. Идејното решение содржи изградба на два базена, голем базен и мало базенско корито, како и еден базен за одмор и релаксација, истакна Груевски.
Големиот базен е во правоаголна форма со олимписки димензии 50*20 метри со променлива длабочина од минимум два метри до максимум 4,5 метри наменет за тренинг и натпревари на пливачи и ватерполисти. Малиот базен е со димензии 25*10 метри со променлива длабочина од минимум од 1 матар до 1,4 мети и ќе биде наменет за најмлади корисници и обука за непливачи.
Комплексот ќе ги содржи следните програмски содржини: Пратечки објект со гардеробери, санитарни објекти, простории за спасител и прва помош, административен дел и технички простор, машински дел и магацин.
Објектот ќе има кровна тераса покриена со настрешница за соларни панели, отворен простор за движење и поставување на урбана опрема, лежалки, чадори за сонце, платформа во форма на трибина намената за седење и сунчање, како и угостителски дел, односно ресторан.
-Проектираната вредност на проектот е 45 милиони денари. По завршување на целокупната процедура за изготвување на основниот проект, избор на изведувач и надзорен орган, како и по добивање на одобрение за градење се очекува да се започне со изградба на објектот во октомври 2016-та , значи во октомври оваа година. Инаку идеата за изградба на ваков објект дојде од граѓаните при започување на големата спортска сала, прва од ваков тип во општината Шуто Оризари, кога самите граѓани го побараа ова, ние го измисливме го анализиравме и одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните на општината Шуто Оризари. Сакам да напоменам дека освен за тренинзи на пливачи, на ватерполисти базенот масовно ќе се користи и за рекреација од страна на граѓаните на Шуто Оризари и пошироко, додаде Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа