Филмската дејност во Македонија во подем - минатата година освоени 30 награди
Македонските филмови минатата година имале рекордни, 193 учества на фестивали и 30 освоени награди. Во четири и пол години постоење на Филмскиот фонд на Македонија добиени се 80-ина награди за филм, финансиски се поддржани околу 130 филма, а целосно се завршени 62.
- Толку не беа снимени во претходните 17 години во самостојна Македонија, а толку награди нема во ниедна друга дејност. Филмот е алатка што најмногу ја промовира Македонија, рече директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башески.
Годинашниот буџетот на Фондот е 3,5 милиони евра, колку и минатата година кога достигна и 4 милиони евра зашто дополнително беа доделени средства за снимањето на „Трето полувреме“ и за „Приказни од Дивиот Исток (До балчак)“.
ФОТО: Денешен