Немате идеја за ручек? Ова мора да го пробате
Направете си вкусен ручек за неколку минути за кој сите ќе ви завидуваат. Ова е и ефтино и здраво.
ПОТРЕБНИ ВИ СЕ:
2 лажички путер
240 грама сланина
450 грама прокељ
сол и бибер
толчена црвена пиперка
павлака за готвење
1/2 чаша лебни трошки
Уклучете ја рерната да се грее на 200 степени. Во голема шерпа ставете вода, посолете ја, ставете ја да врие и потоа сипете ги прокељот и оставете да се готви 8-10 минути. Сланината исечете ја на коцки да стане покрцкава и прокељот и половина сланина ставете ги во тава за печење. Зачинете и ставете ја павлаката, а на крај и остатокот од сланината и лебните трошки.
Печете во рерна 15 минути.
Добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа