Свети Николе: За шише алкохол го претепал вработениот и се заканил дека ќе ја запали бензинската

 

Вчера во 19 часот во Свети Николе на бензинската пумпа „Да Петрол“ 48-годишниот  Л.С. од Скопје започнал расправија со 21-годишниот вработен И.П. од Свети Николе во врска со продажба на алкохол.

Бесниот Светиниколчанец во еден момент го нападнал вработениот, а потоа почнал да ги фрла сталажите, а со една го удрил И.П. по што излегол надвор, извадил една од пумпите за точење на гориво и се заканил дека ќе ја запали бензинската пумпа.

Кај момчето е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,92 промили.  

По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесеен соодветен поднесок.

најчитано сега