Ќе одите некаде? - проверете каква е состојбата на патиштата
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.
Според информација од Министерството за транспорт и врски, АМСМ известува дека се воведува времена измена на режимот на сообраќајот на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година.
Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.
За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација (табли).
На патниот правец Гостивар - Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 - 24:00 часот, сабота и недела 07:00 - 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.
Во сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.
Од 09.07.2013 сообраќајот преку мостот на магистралниот пат А2 Гостивар - Кичево во близина на Ново Село е нормализиран.
Од 12.07.2013 завршени се градежните работи на патниот правец Прилеп-Крушево (Р516) и таму сообраќајот се одвива нормално по две коловозни ленти. На патниот правец Прилеп - Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри.
Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.