"Ме погледна во очи и умре" - детали за смртта на момчето од Србија кое почина во сообраќајка во Неготино

Единаесет годишниот Матија Шушнјевиќ од Белград завчера почина во сообраќајна несреќа на патот Неготино - Демир Капија во страотна сообраќајна несреќа. Автомобилот со кој со семејството патувале излета од патот и се преврте, најверојатно поради тоа што неговиот татко, поради замор, заспал на воланот.

За српскиот Курир, очевидци велат дека родителите на Матија, Сашо и Гордана се извлекле од автомобилот при што мајката се приближила кон синот и го фатила за рака, а за жал тој ја погледнал и само воздивнал за последен пат. 

Пријателите и роднините на семејството велат дека Матија бил дете за пример и најдобар кошаркар во својата генерација.

најчитано сега