Вандали повторно ја каменувале куќата на актерот и активист Петар Стојковиќ

Актерот Петар Стојковиќ вчера на својот официјален Фејсбук профил објави дека вандали повторно му ја каменувале куќата.

- Во 23 и 36 часот се случи второто каменување на мојата куќа. Станува збор за група млади луѓе кои веднаш по чинот се дадоа во бегство. Известена е и полицијата која ја очекувам да пристигне, напиша активистот на својот Фејсбук профил.

Во каменувањето за среќа нема повредени лица, а не е направена ниту материјална штета.

- Нема повредени, нема материјална штета. Полицијата дојде и го евидентираше случајот. Имам само една порака до ЛГБТ-фобите: Ме мотивирате и ме стимулирате уште поревносно да се борам за почитување и унапредување на човековите права и слободи во нашата држава, dodade Petar na svojot profil.

Ова е второ каменување на неговата куќа откако тој призна дека е хомосексуалец.

најчитано сега