Претпладне сонце попладне дожд и грмежи
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови во западните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе е спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.