ЕКСКЛУЗИВНО: МВР ги фати крадците што го направија грабежот на векот во Скопје

 

Полицијата гу уапси крадците кои минатиот месец од куќа на Бихаќка во Скопје, успеаа да украдат цел метален сеф со над половина милион евра, дознава Press24 од полициски извори. Според инфомрациите, уапсени се 4 лица. Сите се уште молчат и не кажуваат каде е сефот со огромната сума на пари. Полицијата се надева дека во истрагата ќе успее да дојде бар до дел до пленот кој беше однесен од станот во Скопје

Тешката кражба се случи за време на викендот, од 21 до 23 јуни. Арамијата со насилно отворање на балконската врата влегол во куќата од каде го украл металниот сеф.

Полицијата соопшти дека во сефот имало 500.000 евра, 50.000 долари, разновиден златен накит и документи.

Од МВР и официјално ја потврдија оаа информација на Press24 но не соопштуваат повеќе детали

најчитано сега