Домаќинките „збеснаа" по оваа торта: Се прави за пет минути!
Сите домаќинки постојано пронаоѓаат нови рецепти и се трудат да направат вкусни јадења, но најчесто немаат време. Кога ќе се најават гости, а особено во период како овој, новогодишниот, потребно е нешто што е брзо, ефтино и вкусно. Затоа, ние ви нудиме торта за која не ви треба печење, а се прави за пет минути.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10 крем бананчиња
1/2 кг ресани
1/2 кг хопла
Ресаните и крем бананчињата се сецкаат.
Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните.
Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.
Па така, имате вкусен десерт за пет минути. Нема да зажалите!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа