Функционер на СДСМ за Дневник: Анкетите го исплашија Заев - бегаме од изборите
Социјалдемократите предводени од Зоран Заев се обидуваат да избегаат од претстојните избори. Како што за Дневник тврди висок извор од партијата, опозицијата не е подготвена за избори и се плаши од нив.
- Ако до пред анкетите за рејтингот се размислуваше за можноста за предвремени избори, последниот период дефинитивно стратегијата на СДСМ е да избега од истите, за да не доживее уште еден пораз, вели соговорникот на Дневник.
Според резултатите од мерењата на рејтинзите на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ уживаше двојно поголем рејтинг наспроти опозициската СДСМ, или 23,5 наспрема 12,4 проценти. Според октомвриските мерења на рејтинзите од страна на Институтот за политички истражувања Скопје, 43 отсто од граѓаните сметаат дека победата ќе ја однесе владејачката партија, наспроти 20 проценти кои се изјасниле за СДСМ.
И премиерот Никола Груевски во интервјуто за Пресс24 посочи дека СДСМ видливо периодов бега од избори.
Социјалдемократите бараа фер и демократки избори, а на неделниот конгрес на партијата Заев нагласи дека ако нема предуслов за кристално чисти избори истите нема да се одржат.
Каков ќе биде епилогот сеуште останува неизвесно.
Повеќе на Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа