Стружанец приредил хаос во кафеана: Полицаец завршил во болница

 

Струшката полиција поднесе крицична пријава против 54-годишниот Ш.А. од Струга поради сомнение дека сторил казнено дело „спречување службено лице при вршење на службено дејствие“.

Стружанецотна 12-ти минатиот месец извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот.

- Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оштетува инвентарот. По пријавување на сопственикот, со цел спречување нарушување на јавниот ред и мир и оштетувањата, интервенирале полициските службеници, изјави Димоски.

При обид за приведување, додаде, пријавениот давал активен отпор, а во еден момент и физички нападнал полициски службеник ударајќи го со раце и нозе во пределот на телото и вратот. Набрзо, Ш.А. бил приведен во полициската станица во Струга каде било извршено алкотестирање. 

 
 
07.12.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега