Тетовчанец останал и без пари и без автомобил
Кривична пријава за итар тетовчанец кој со измама сакал да си присвои автомобил.
Се работи за 39-годишниот С.Р. од Тетово кој минатиот месец се сретнал со 48-годишниот А.С. од Тетово, и лажно прикажувајќи му дека има познати во полицијата во Тетово му ветил дека ќе му го врати неговото патничко возило „фолксваген пасат“, кое претходно му било одземено од страна на полицијата .
За истата цел А.С. му дал на пријавениот 12.000 денари, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција.