Катастрофа на последната интерна анкета: СДСМ готви терен за бојкот на изборите

 

Последните резултати од анкетите кои СДСМ ги добиле деновиве си го сторија своето. Опозициската партија повторно готви терен за да не се појави на изборното соочување со граѓаните.

Уредникот на соросовите Плусинфо и Слободен Печат Бранко Героски како и пред претходните избори повторно го повикува Зоран Заев СДСМ да не излезе на соочувањето со граѓаните закажано за 24 април идната година. 

Во текст објавен на соросвиот портал, Героски повикот за бојкот на изборите го оправдува со тоа дека денешното задолжување преку аукцијата на Министерството за финанси значело изборна корупција.

„Зоран Заев вчера ја погоди целта. Ако итно не се спречат задолжувањата заради изборната корупција и ако до крајот на декември не се забележи видлив напредок на медиумите во насока на нивно ослободување од стегите на режимот, изборите во април 2016 година нема да бидат регуларни. Точна и прецизна дијагноза. После која, да се прашувам јас, би требало да уследи и јасен и прецизен услов – СДСМ нема што да бара на нерегуларни избори. “ – пишува Героски во текстот објавен на Плусинфо.

За очекување е по овој текст на Героски да почне „дебатата“ кај лево ориентираните „експерти“ главно финансирани со пари од СОРОС и сите еден по еден да му препорачаат на лидерот Заев да не излезе на изборите бидејќи тие нема да бидат регуларни и покрај тоа што се исполнети главните услови на опозицијата, односно тие ќе бидат спроведени од техничка влада во која СДСМ ќе ја има контролата врз клучните министерства.

По ова Заев „соочен со притисокот“ ќе мора да „попушти“ и да ја исполни желбата на „граѓаните“, односно да не се појави на избори.
Ваквата тактика на СДСМ не е ништо ново на политичката сцена во Македонија. Со исти методи СДСМ се служеше и на локалните избори во 2013 година и на претседателските и парламентарните минатата година.

Сега СДСМ има и адут повеќе а тоа се измените на Законот за медиуми. Токму затоа, опозициската партија во преговорите постави барања за кои однапред знаеше дека нема да може да бидат прифатени од ниту дна страна од преговорите. Меѓу нив се и целосната партизација на Агенцијата за медиуми како и барањето, кадар од Бихаќка да врши цензура на информативните изданија на сите телевизии а оние кои нема да известуваат според желбите на СДСМ да може експресно да добијат клуч на врата.

Експертите предупредуваат дека и во ситуација која на СДСМ би им се прифатиле сите барања поврзани со измените на Законот за медиуми, опозициската партија секогаш ќе наоѓа нови и нови спорни точки кои би ги користела како алиби за да не излезе на избори.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ никогаш не криеја дека постои можност СДСМ да ги бојкотира изборите, а премиерот Груевски можноста ја најави уште ноќта кога беше потпишан финалниот договор.

Паниката во опозициските редови, според извори од Бихаќка доаѓа по последната анкета која партијата ја нарачала за сопствени потреби. Според неа, рејтингот на Заев константно бележи надолен тренд а по скандалот кога директно им се закани на најголемите македонски медиуми, за очекување е да се спушти уште повеќе. Нагорен тренд нема ниту во рејтингот на СДСМ, што на опозициската партија и дало до знаење дека доколку излезе на изборите во април повторно ја чека убедлив пораз со разлика која би се движела во рамките на онаа од претходните изборни циклуси.

 
 
02.12.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега